Состојки
- 500 г грав
- 1 кромид
- 1 морков
- 100 г сувомеснато
- 1 лажица црвен пипер
- ловоров лист
- сол
Подготовка
- Натопете го гравот преку ноќ, потоа сварете го во свежа вода 45 минути.
- Пропржете кромид и морков, додајте пипер надвор од оган да не изгори.
- Спојте сè со гравот, додајте сувомеснато и ловор и крчкајте 1 час.
- Зачинете со сол на крајот.

