Состојки
- 120 г црно чоколадо
- 100 г путер
- 2 јајца
- 60 г шеќер
- 40 г брашно
Подготовка
- Стопете го чоколадото со путерот на водена бања.
- Изматете ги јајцата со шеќерот, додајте го чоколадото и брашното.
- Истурете во намастени калапчиња и печете на 200 °C точно 10 минути.
- Служете веднаш, додека јадрото е течно.

