Европската комисија нотира одложувања во културните стратегии и недовршена заштита на значајни природни подрачја, додека спроведувањето на препораките на УНЕСКО за Охридскиот Регион се соочува со предизвици.
Државниот завод за ревизија изразил неповолно мислење за финансиското работење на Железници на РСМ – Инфраструктура за 2024 година и посочил пропусти во управувањето со имотот и инфраструктурата.
На осмиот пчеларски саем во Скопје, кој трае до 7 ноември, учествуваат повеќе од 20 изложувачи. Претседателот на Пчеларската федерација вели дека производството на мед е значително намалено.
Судот ги прифатил предложените сведоци во судењето за пожарот во „Пулс“; тие треба да бидат сослушани на 17 ноември, а одбраната на следното рочиште ќе изведува материјални докази.
Ученици, студенти и наставници протестираат во Атина барајќи повеќе средства за јавното образование и подобрување на условите во училиштата и универзитетите.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација предупреди дека бракот и традицијата не оправдуваат контрола или насилство врз жените и повика на отпор кон родовите стереотипи.
Камала Харис ја критикуваше администрацијата на Доналд Трамп по изборниот пораз на републиканците и повика демократите да постигнат конкретни резултати.
Финансиската полиција го пријави управителот на станица за технички преглед во Тетово за наводна проневера на 41.518.042 денари на штета на повеќе институции.