Прескокни на содржината
Зачувани

Комисијата предупреди дека бракот и традицијата не оправдуваат насилство врз жените

Комисијата предупреди дека бракот и традицијата не оправдуваат насилство врз жените (Опсервер)
Фото: Опсервер

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација предупреди дека бракот и традиционалните вредности не се оправдување за контрола или насилство врз жените. Таа повика на одговорност во јавната комуникација и спротивставување на родовите стереотипи.

Комисијата предупреди дека повторувањето на ваквите ставови во јавниот, медиумскиот и дигиталниот простор може да придонесе за нормализирање на дискриминаторски практики и одржување на нееднакви односи на моќ.

Од Комисијата ги повикаа јавните личности, носителите на јавни функции, медиумите и другите учесници во јавната комуникација да се спротивстават на сексизмот, мизогинијата и оправдувањето или релативизирањето на родово заснованото насилство.

Таа посочи и дека слободата на изразување не е апсолутна: кога изразувањето поврзано со полот или родот го повредува достоинството и создава понижувачка, непријателска или навредлива средина, може да се постави прашање за вознемирување согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно