Прескокни на содржината
Зачувани

Осомничен управител на станица за технички преглед во Тетово за проневера на над 670.000 евра

Осомничен управител на станица за технички преглед во Тетово за проневера на над 670.000 евра (Jasminka MKD)
Фото: Jasminka MKD

Финансиската полиција го пријави управителот на станица за технички преглед во Тетово поради наводна проневера на парични средства во вкупен износ од 41.518.042 денари.

Според соопштението на Финансиската полиција, пријавениот во периодот од 1 јануари 2022 до 31 декември 2025 година, искористувајќи ги овластувањата на друштвото, противправно присвојувал парични средства наплатени од граѓани и правни лица при регистрација на моторни возила. Тие средства биле наменети за уплата на јавни давачки кон повеќе институции.

На овој начин, на правниот субјект му била прибавена противправна имотна корист во вкупен износ од 41.518.042 денари, на штета на општините, Министерството за животна средина, Службата за помош и информирање, Црвениот крст на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Финансиската полиција информира и дека, со цел прикривање на трагите на кривичното дело, во текот на 2022 и 2024 година, пријавениот извршил противправен отпис на јавни давачки во вкупен износ од 17.090.623 денари. При тоа, во сметководствената евиденција го намалил долгот кон наведените субјекти и прикажал помал износ на обврски по основ на јавни давачки.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  4. Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно