Прескокни на содржината
Зачувани

Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно

Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно (Dubravka)
Фото: Dubravka

Глобалното преминување на сол збогатена со калиум би можело секоја година да спречи 2,96 милиони смртни случаи и 10,17 милиони нови случаи на кардиоваскуларни и хронични бубрежни заболувања, проценуваат истражувачи.

Истражувањето на научници од Институтот „Џорџ“ за глобално здравје во Австралија опфатило 193 земји. Резултатите се пренесени од Еуроњуз.

Солта збогатена со калиум се произведува со замена на дел од натриум хлоридот во обичната кујнска сол со калиум хлорид и може да се најде во некои продавници и на интернет.

Според Светската здравствена организација, околу 1,4 милијарди луѓе во светот, односно приближно еден од тројца возрасни на возраст од 30 до 79 години, имаат хипертензија. Високиот крвен притисок е еден од главните фактори на ризик за мозочен удар, срцев удар и болести на бубрезите.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Магазин

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје