Прескокни на содржината
Зачувани

Бартломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје

Бартломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје (Опсервер)
Фото: Опсервер

Полскиот нуркач Бартломиеј Питала е прогласен за почесен граѓанин на Скопје по подвигот во пештерата Врело на Матка, каде што достигнал длабочина од 338 метри.

Одлуката беше донесена на седница на Градот Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја објави веста и рече дека признанието му се доделува на Питала за неговиот подвиг во Врело.

Во рамките на меѓународната експедиција „Врело 2026“, Питала достигнал длабочина од 338 метри. Според Ѓорѓиевски, со тоа Врело на Матка станала најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Во експедицијата учествувале нуркачи од Македонија, Полска и Италија.

Градоначалникот оцени дека успехот може да поттикне повеќе туристи, истражувачи и љубители на природата да го посетат Скопје.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  3. Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно