Прескокни на содржината
Зачувани

Протести за образование во Атина: затворен булевар и привредени двајца

Протести за образование во Атина: затворен булевар и привредени двајца (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Ученици, студенти и наставници излегле на протест во центарот на Атина барајќи повеќе средства за јавното образование и подобрување на условите во училиштата и универзитетите.

Демонстрациите започнаа околу пладне пред централната зграда на Универзитетот во Атина, позната како Пропилеја, каде што се собраа претставници на средношколски и студентски организации, како и наставници. Главните барања на учесниците вклучуваат зачувување на бесплатниот карактер на јавното образование, пополнување на слободните наставнички места, намалување на бројот на учениците во училниците и подобрување на состојбата на училишните згради. Демонстрантите исто така бараат повеќе средства за универзитетите и истражувачките дејности и се спротивставуваат на планираните промени во образовниот систем.

Еден од главните булевари во центарот на грчката престолнина беше затворен поради протестната акција, а полицијата воведе привремени ограничувања во сообраќајот. Метро станицата „Панепистимио“ беше затворена од утрото по полициска наредба, а возовите поминуваат низ неа без запирање. Според информациите од грчката јавна телевизија ЕРТ, за време на прелиминарните проверки пред демонстрациите, полицијата привела две лица на испрашување.

На демонстрациите учествуваа и членови на Федерацијата на наставници во средно образование (OLME), која најави четиричасовен прекин на работата за да им овозможи на своите членови да учествуваат во протестите. Барањата беа поддржани и од Федерацијата на родителски организации на Атика, која бара безбедна училишна средина, пристојни услови за работа за наставниците и достапно јавно образование. Слични протести се одржуваат и во други грчки градови, вклучувајќи ги Солун и Патрас.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Илјадници граѓани се вклучија во чистењето на Скопје, Ѓорѓиевски најави акции двапати месечно

  2. Мицкоски најави иновативно решение за студентскиот оброк

  3. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  4. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  5. Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје