Состојки
- 3 цвекла
- 60 г ореви
- 80 г млад сир
- рукола
- маслиново масло
- балсамико оцет
- сол
Подготовка
- Завиткајте ги цвеклата во фолија и печете на 200 °C околу 40 минути.
- Излупете ги и исечете на кришки додека се уште топли.
- Наредете на рукола, посипете со трошен сир и ореви.
- Полијте со масло и балсамико и зачинете со сол.

