Прескокни на содржината
Зачувани

Во Музејот на Македонија се отвора ретроспективната изложба „Тивки актери, гласни приказни“

Во Музејот на Македонија се отвора ретроспективната изложба „Тивки актери, гласни приказни“ (Опсервер)
Фото: Опсервер

На 5 ноември во 19 часот во Музејот на Македонија ќе биде отворена ретроспективната изложба „Тивки актери, гласни приказни“, посветена на македонското куклено наследство. Поставката ќе остане отворена до 29 ноември.

Изложбата го презентира развојот на македонското кукларство низ децении, од историските почетоци во 1946 година со визијата на Светлана Малахова, па до современите дизајни на Театарот за деца и младинци.

Автор на изложбата е Љубица Велкова, продукција е на театар „Сенки и облаци“, а куратор е Јасминка Намичева. Стручен соработник е Кирил Василев, а дизајнот на плакатот е на Бранкица Јордановска.

Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Култура

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје