Прескокни на содржината
Зачувани

Изложбата „Effortless“ на Јана Луловска се отвора во Белград

Изложбата „Effortless“ на Јана Луловска се отвора во Белград (Опсервер)
Фото: Опсервер

Самостојната изложба „Effortless“ на македонската уметница Јана Луловска вечерва се отвора во Македонскиот културно-информативен центар во Белград. Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам и е дел од годишната програма на КИЦ Белград.

Изложбата ќе биде отворена во 19:30 часот на адреса Македонска 30, а ќе ја отвори директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров.

„Effortless“ е инспирирана од движењето Флуксус и се фокусира на играта, флуидноста и експериментирањето, при што процесот на создавање е ставен пред завршеното дело. Во серијата, Луловска работи спонтано со дигитални алатки и гради визуелни простори во кои движењето и промената се централни елементи.

Делата ги спојуваат линиите, гестуалните потези и органските и геометриските форми на бледосиви позадини, а дел од композициите продолжуваат и на ѕидот преку интервенција на самата уметница.

Луловска е наградувана уметница чиј опус опфаќа фотографија, сликарство, графика, инсталација и експериментален филм. Нејзини дела се застапени во меѓународни колекции, а филмовите ѝ се наградувани на меѓународни фестивали.

Изложбата ќе може да се погледа до крајот на месецов.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Култура

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје