Прескокни на содржината
Зачувани

УХМР најавува силен јужен ветер и температури над просекот

Фото: Опсервер
Фото: Опсервер

УХМР најави дека во петок, 13 ноември, наместа ќе дува силен јужен ветер со брзина над 80 километри на час, а температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.

Според прогнозата, во петок ќе преовладува релативно топло време, со температури значително над просекот за овој период од годината.

Под влијание на јужно воздушно струење, ветерот наместа повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час. Во Скопје ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а времето ќе биде претежно облачно.

Во одделни котлини се очекува појава на утринска магла. Во земјава ќе има променливо облачно време, а периодот што следува ќе донесе повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

Од сабота, поради продор на постудена воздушна маса од север, температурите ќе бидат во опаѓање.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно