Прескокни на содржината
Зачувани

Јанев во посета на оперативните единици на Германската федерална полиција

Јанев во посета на оперативните единици на Германската федерална полиција (Опсервер)
Фото: Опсервер

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, со македонска делегација реализираше работна посета на оперативните и организациските единици на Германската федерална полиција. Целта била запознавање со техничките капацитети, организацијата и современите безбедносни практики.

Делегацијата го посетила Заедничкиот контакт-центар на германската и полската полиција во Слубице, каде што бил претставен моделот на прекугранична полициска соработка, размената на информации и оперативната координација. Во Франкфурт на Одра биле презентирани процедурите за гранична контрола и примената на современи технологии, вклучително и беспилотни летала за надзор на границата.

Во единицата на Федералната полиција во близина на аеродромот во Хамбург биле претставени електронските порти (E-gates), системите за заштита на аеродромската инфраструктура, како и специјализирана опрема и процедури за справување со безбедносни закани.

Во Хановер, делегацијата се сретнала со претставници на Федералната полиција задолжени за истраги поврзани со криминал, криумчарење мигранти и трговија со луѓе. Преку анализа на конкретни случаи биле разменети искуства за истражни методи, откривање криминални мрежи и можности за унапредување на заедничкото оперативно дејствување.

Јанев изразил благодарност до Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје и германската Влада за поддршката во реализацијата на посетата. Тој ја истакнал важноста на развојот на долгорочно оперативно партнерство преку размена на информации, заеднички обуки, истражни активности и унапредување на професионалните стандарди.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  4. Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно