Прескокни на содржината
Зачувани

Ветровито и топло време со температури до 22 степени

Утрински дожд и разведрување преку ден, со температури до 22 степени и засилен западен ветер во западните делови.

Ветровито и топло време со температури до 22 степени (Проверено)
Фото: Проверено

Наутро се очекуваат врнежи од дожд, а во текот на денот ќе следува разведрување, со максимална температура до 22 степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе се движи од 7 до 14 степени, а максималната од 14 до 22 степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.

Во Скопје по утринските услови за дожд се очекува претежно сончево време, со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.

За време на викендот и на почетокот на следната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на ладен воздушен бран, од понеделник до средината на работната недела температурите ќе опаѓаат, а на некои места се очекува да се спуштат под нула степени.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно