Прескокни на содржината
Зачувани

ЛДП: 15.000 граѓани ја потпишаа петицијата за електронски нараквици за сторителите на семејно насилство

ЛДП: 15.000 граѓани ја потпишаа петицијата за електронски нараквици за сторителите на семејно насилство (Опсервер)
Фото: Опсервер

ЛДП соопшти дека 15.000 граѓани ја потпишале нејзината петиција за воведување електронски нараквици за сторителите на семејно насилство за помалку од три дена.

Партијата бара законското решение да биде усвоено во Собранието по итна скратена постапка. Од ЛДП велат дека ќе продолжат да собираат потписи и ги повикуваат граѓаните да се приклучат на петицијата.

Според партијата, електронското следење на сторителите треба да придонесе за поголема заштита на жртвите и спречување нови случаи на насилство. ЛДП го повикува парламентарното мнозинство да ја разгледа иницијативата и да овозможи нејзино законско усвојување.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно