Прескокни на содржината
Зачувани

ВМРО-ДПМНЕ бара Митовски да престане да го политизира проблемот со добитокот

ВМРО-ДПМНЕ реагира на барањето за кризна состојба поради неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка и бара одговорност од локалната самоуправа.

ВМРО-ДПМНЕ бара Митовски да престане да го политизира проблемот со добитокот (Опсервер)
Фото: Опсервер

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка го оцени како политизирање на проблемот со добитокот барањето на градоначалникот Сашко Митовски Владата да прогласи кризна состојба.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка велат дека проблемот трае со децении и оти СДСМ имал целосна власт во општината од 2017 до 2024 година. Од партијата наведуваат и дека Сашко Митовски ја извршува градоначалничката функција трет мандат по ред, но не го решил проблемот.

„За разлика од СДСМ, Владата и надлежните институции во изминатиот период преземаа конкретни активности во рамките на своите законски надлежности и досега се одземени приближно 100 грла говеда. Барањето за кризна состојба потврдува дека општината и градоначалникот не се способни да го решат проблемот“, наведуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека ќе ја поддржат секоја законска постапка што ќе придонесе за трајно решавање на проблемот, но бараат одговорност и отчетност од локалната самоуправа за обврските што се во нејзина надлежност.

„Граѓаните не бараат политички препукувања и празни прес-конференции, ниту оправдувања. Бараат безбедни улици, заштита на нивните имоти и конкретно решение на проблемот. Барањето кризна состојба не смее да биде алиби за непостапување во рамките на редовните надлежности на локалната самоуправа“, се вели во реакцијата.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека проблемот со добитокот не започнал на 9 ноември и дека нема да се реши со прес-конференции, повикувајќи го градоначалникот да ги исполнува обврските што произлегуваат од функцијата.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно