Прескокни на содржината
Зачувани

ТиЏеј Шортс прогласен за МВП на октомври во Евролигата

ТиЏеј Шортс прогласен за МВП на октомври во Евролигата (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Евролигата го прогласи македонскиот кошаркарски репрезентативец ТиЏеј Шортс за најкорисен играч на месец октомври.

Плејмејкерот, кој ова лето се приклучи на тимот на Валенсија, беше избран за МВП откако го предводеше тимот до учинок од 6 победи и 3 пораза во првите девет натпревари од сезоната.

Во овие натпревари, Шортс забележа просек од 17,1 поен, 5,7 асистенции, 1,8 скокови и 0,9 украдени топки по натпревар. Со овие бројки, тој се наоѓа на третото место во лигата во категориите поени и асистенции, додека со просечен индекс на корисност од 20,7 е меѓу двајцата најдобри играчи според овој параметар.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Спорт

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје