Прескокни на содржината
Зачувани

Берокал го објави списокот за натпреварот со Кипар без Јакимовски

Берокал го објави списокот за натпреварот со Кипар без Јакимовски (МКД.МК)
Фото: МКД.МК

Селекторот на машката кошаркарска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави списокот за ноемврискиот ФИБА-прозорец, во кој Македонија ќе игра против Кипар. На списокот не е Андреј Јакимовски од Наполи поради повреда.

Натпреварот со Кипар од второто коло во групата „Ф“ од втората фаза на претквалификациите за Европското првенство во 2029 година ќе се игра на 26 ноември, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје, со почеток во 18 часот.

Подготовките ќе почнат на 23 ноември во истата сала, а првиот тренинг е закажан за 11:30 часот.

На списокот се Ненад Димитријевиќ, Виктор Ташовски, Виктор Ефремовски, Војдан Стојановски, Лука Стојановски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Лејсон Зеќири, Валмир Какруки, Резарт Мемед, Тома Стојаноски, Андреј Маслинко, Петар Бошалески, Андреј Андоноски и Мозес Рајт.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Спорт

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. ФФМ потврди: Гоце Седлоски повеќе не е селектор на Македонија

  3. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  4. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  5. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца