Прескокни на содржината
Зачувани

Дончиќ со 40 поени го води Лејкерс до победа над Сакраменто

Фото: Опсервер
Фото: Опсервер

Лос Анџелес Лејкерс го победија Сакраменто со 116:103 во НБА лигата, а Лука Дончиќ постигна 40 поени и со тоа стана првиот играч по Мајкл Џордан и Вилт Чемберлен кој забележа над 300 поени во првите осум натпревари од сезоната.

Словенецот имаше одлична реализација од поле, со 6 од 13 за три поени и 12 од 13 за еден, а дополнително забележа девет скока и седум асистенции. Со овој натпревар, Дончиќ застана на 308 поени во првите осум натпревари, надминувајќи го рекордот на Џордан од 303 поени во сезоната 1988/89.

Покрај Дончиќ, Остин Ривс беше најзаслужен за победата со 21 поен, додека Вокер Кеслер постигна 15. Во поразениот тим, Дариус Акуф Џуниор се истакна со 22 поени и 12 скока, Зак Лавин имаше 21 поен, а Домантас Сабонис 16 поени и 17 скока.

Ова беше седма победа на Лејкерс во деветтиот натпревар од оваа сезона и осмиот натпревар во кој Дончиќ постигна над 35 поени. За Кингс, пак, беше седми пораз во осум натпревари од новата сезона.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Спорт

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. ФФМ потврди: Гоце Седлоски повеќе не е селектор на Македонија

  3. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  4. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  5. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца