Прескокни на содржината
Зачувани

Смеа до солзи со Бојан Велевски и Боби Додевски, распродаденото шоу добива нов термин

Смеа до солзи со Бојан Велевски и Боби Додевски, распродаденото шоу добива нов термин
Фото: Опсервер

Стендап-комедијата на Бојан Велевски и Боби Додевски ги полни салите низ Македонија и руши рекорди. Добриот хумор, смеата и одличното расположение се гарантирани, а овој стендап покажа дека Македонците можат да соработуваат кога станува збор за нешто што на сите им е потребно – добро расположение. Уникатниот спој го направија маестралните Бојан Велевски и Боби Додевски, кои со својата комичарска енергија ја освојуваат публиката низ земјата.

Големото финале, закажано за 17 ноември 2026 година во Скопје, е распродадено, но за сите што не успеаја да обезбедат билети следува реприза на 23 декември 2026 година во „Рагуза парк“. Картите се достапни преку Купи карти.мк.

И тој ден не се оди во теретана! Купете си билети навреме, бидејќи со добра доза хумор и смеа ќе ги развиете стомачните мускули на најзабавниот можен начин.

Боби Додевски е македонски стендап-комичар од Куманово, но неговата професионална приказна е интересна и поради тоа што сцената не му е единствената професија.

Според објавената биографија, роден е на 6 август 1981 година во Куманово, а од 2001 година работи во Министерството за внатрешни работи. Паралелно со полициската професија, со години се занимава со хумор, пишување и творештво.

Познат е и по настапите во стендап-комедијата, а пошироката публика го запознава и преку хумористични содржини и емисии.

Има учествувано со свои текстови на детски фестивали, а во август 2026 година ја промовираше својата прва книга за деца, „Радосница за деца“, со илустрации на Мила Доневска и во издание на „Антолог“. Поговорот за книгата го напиша Игор Џамбазов.

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Култура

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје