Прескокни на содржината
Зачувани

Сиљановска-Давкова: Различностите се трајни општествени вредности

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод Денот на албанската азбука, порачувајќи дека различностите се трајни општествени вредности.

Сиљановска-Давкова: Различностите се трајни општествени вредности (Опсервер)
Фото: Опсервер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на албанската заедница по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, оценувајќи дека јазикот е темел на националниот идентитет и колективната меморија на еден народ.

Во честитката, таа посочи дека 22 Ноември е датум чие значење ја надминува симболиката на историски јубилеј и дека претставува сведоштво за национална визија и свест за посебен идентитет, чиј темел е стандардизираната албанска азбука.

„Албанскиот јазик, вам Албанците ви овозможи да изразите почит кон претците, но и одговорност кон потомците. Во македонското мултикултурно општество и демократски политички систем, Албанците и албанскиот јазик имаат долга традиција на постоење во уставниот, политичкиот, економскиот, образовниот, научниот, културниот, спортскиот, медиумскиот, забавниот и секојдневниот живот. Дозволете ми како претседателка на државата, да изразам став дека наша заедничка должност е да градиме општество во кое единството нема да ги негира, туку ќе ги респектира различностите, третирајќи ги како трајни општествени вредности“, пренесува Нетпрес.

Таа посакува 22 Ноември да не биде само ден на сеќавање, прослава и гордост, туку и поттик за нови образовни, научни и културни дострели на албански јазик.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно