Прескокни на содржината
Зачувани

По првиот ден во Абу Даби договорена голема размена на затвореници

По првиот ден во Абу Даби договорена голема размена на затвореници (EPA)
Фото: EPA

Првиот ден од трилатералните преговори меѓу Москва и Киев во Абу Даби заврши по четири и пол часа, а извор близок до украинската делегација тврди дека е постигнат договор за голема размена на затвореници во блиска иднина.

Разговорите се одржуваат со посредство на САД и се прва таква трилатерална средба во последните осум месеци. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно изјави дека тие ќе бидат насочени кон клучните елементи на регионалната безбедносна рамка.

Лавров рече дека безбедносните гаранции за Украина и Русија би требало да стапат на сила по „целосно и сеопфатно решавање“ на конфликтот и дека Русија подготвила документ за идната безбедносна архитектура во евроазискиот регион. „Русија се надева дека САД ќе бидат доволно решителни за да ги балансираат интересите на двете страни“, додаде тој.

Главниот украински преговарач Рустем Умеров изјави дека целта е траен мир, со прекин на непријателствата, повоени безбедносни гаранции, економско закрепнување и хуманитарни мерки. Главниот руски преговарач Владимир Медински изјави дека прекинот на војната е во интерес и на украинскиот и на рускиот народ.

Во разговорите посредуваат специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер. Кушнер изјави дека тензиите се високи, но оти се надева дека дводневните разговори ќе бидат продуктивни.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Илјадници граѓани се вклучија во чистењето на Скопје, Ѓорѓиевски најави акции двапати месечно

  2. Мицкоски најави иновативно решение за студентскиот оброк

  3. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  4. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  5. Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје