Прескокни на содржината
Зачувани

Европа стравува оти Трамп би можел да постигне договор со Путин без Украина

Европа стравува оти Трамп би можел да постигне договор со Путин без Украина (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Европски претставници стравуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да постигне договор со Москва без учество на Европа и Украина, доколку мировните преговори не успеат, објави бриселски „Политико“. Тие се сомневаат дека рускиот претседател Владимир Путин навистина сака да ја заврши војната во Украина.

Сомневањата се зголемиле по минатонеделниот состанок на претставници на САД, Украина и Русија во Абу Даби, на кој не бил постигнат значаен напредок, освен ветувањето за размена на затвореници. Датумот на следната рунда преговори сè уште не е одреден.

Европските претставници оценуваат дека Москва не покажала подготвеност да прави отстапки и дека Путин верува оти може да постигне повеќе со продолжување на војната отколку со прекин на огнот. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Русија ги засилува нападите врз цивилите и енергетската инфраструктура со цел да ја принуди Украина да се предаде.

Иако не учествуваа директно во разговорите во Абу Даби, европските земји бараат да се приклучат на следната рунда преговори. Лидерите на ЕУ се согласија дека Европа ќе биде претставена од Обединетото Кралство, Германија, Франција, Италија и Полска, заедно со претставници на институциите на Европската Унија.

Особено загрижувачка е можноста преговорите да вклучуваат промени во европската безбедносна архитектура, вклучително и руските барања во врска со проширувањето на НАТО. Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ајде изјави дека распоредувањето на силите на НАТО на територијата на членките на Алијансата не е прашање што треба да се дискутира со Москва.

Според европските дипломати, Европа и Украина продолжуваат да учествуваат во преговорите за да му покажат на Вашингтон дека се подготвени за договор, но и за во случај на неуспех одговорноста за неуспехот на процесот да се припише на Русија, а не на нив.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Илјадници граѓани се вклучија во чистењето на Скопје, Ѓорѓиевски најави акции двапати месечно

  2. Мицкоски најави иновативно решение за студентскиот оброк

  3. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  4. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  5. Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје