Прескокни на содржината
Зачувани

Откриен првиот споменик во Полска посветен на децата бегалци од Егејска Македонија

Откриен првиот споменик во Полска посветен на децата бегалци од Егејска Македонија (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Во Полице е откриен првиот споменик во Полска посветен на децата бегалци од Егејска Македонија кои останале да живеат и починале во Полска.

Споменикот во Полице е авторско дело на Петро Алексовски, а го открија градоначалникот Кристијан Ковалевски и амбасадорот на Македонија во Полска Јасмин Ќамил. Реализацијата ја поддржал Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ).

Споменикот е еден од трите предвидени за поставување во полски градови што ги згрижиле децата бегалци од Егејска Македонија.

Ќамил, Ковалевски и Алексовски во своите обраќања му се заблагодариле на ФХЕМ, оценувајќи дека без неговата поддршка проектот немало да се реализира во толку краток период. Директорот на ФХЕМ, Горан Садикаријо, изјавил: „Судбината на децата бегалци од Егејска Македонија, откорнати од своите огништа, природно се преплетува со историската меморија на еврејскиот народ и на сите оние кои го преживеале прогонот и загубата на домот. Затоа беше природно да помогнеме“.

На средбата со Садикаријо било најавено и отворање музеј во Полице, а било предложено една просторија да биде посветена на историјата и судбината на македонските Евреи.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно