Прескокни на содржината
Зачувани

Изложба на уметнички дела посветена на виното и лозарството во Демир Капија – Вечер …1963

Изложба на уметнички дела посветена на виното и лозарството во Демир Капија – Вечер …1963

Во Музејот во Демир Капија синоќа е отворена изложба посветена на винската култура и лозарството, во чест на празникот Свети Трифун. На изложбата се презентирани дела од ликовниот уметник Лазар Дојчинов.

Цветанка Тодоровска Митрева, виш кустос археолог и куратор на настанот, се осврна на животот и творештвото на Дојчинов, роден во 1948 година.

– Неговите професори Димитар Кондовски и Борко Лазески, од кои го стекнал своето ликовно образование, биле инспирација за создавање на неговиот уникатен стил. Во него е втемелен и неговиот личен белег, видлив преку мотиви како булките, Големата мајка, гроздоберот, нашата традиција на варење ракија и производството на вино, како и богатата природа на Тиквешијата – истакна таа.

Тодоровска Митрева дополнително нагласи дека акварелот и маслото на платно се две техники во кои Дојчинов вешто се изразува, а со леснотија ги користи во своето творештво.

Дојчинов до сега реализирал повеќе од 35 самостојни изложби, учествувал во многу групни настани и ликовни колонии. Тој е и член на здружението „Родокрајци“, посветено на уметноста и културата.

Градоначалничката на Демир Капија, Наталија Димитриева, изрази задоволство од овој настан во духот на виното и Свети Трифун, нагласувајќи дека изложбата е дополнета со музика и поезија, што му дава посебна убавина на настанот.

Изложбата има продажен карактер и е организирана од локалната самоуправа, како и општинската установа „Дом на култура ‚Мирка Гинова‘“ од Демир Капија.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Магазин

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје