Прескокни на содржината
Зачувани

Фудбалер на Тенерифе доживеа срцев застој по судир на натпреварот со Андора

Фудбалер на Тенерифе доживеа срцев застој по судир на натпреварот со Андора (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Натпреварот од втората шпанска лига меѓу Тенерифе и Андора беше прекинат откако напаѓачот на домашниот тим, Хесус де Мигуел, се струполи по судир со противничкиот голман. Според шпанските медиуми, тој доживеал срцев застој и сега е во стабилна состојба.

Инцидентот се случил на самиот крај од мечот, на средината на теренот, кога голманот Овоно силно налетал на Де Мигуел со коленото во градите. По судирот, 30-годишниот фудбалер останал неподвижен, а медицинскиот персонал долго време му укажувал помош на теренот.

Потоа Де Мигуел бил префрлен со амбулантно возило, а медиумските извештаи наведуваат дека лекарите во возилото извршиле реанимација. Најновите информации укажуваат дека е свесен, иако претходно ја изгубил свеста во одделот за итни случаи на болницата.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Спорт

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје