Прескокни на содржината
Зачувани

Динамо со 2:0 го освои „Стадионот на светлината“

Динамо со 2:0 го освои „Стадионот на светлината“ (Опсервер)
Фото: Опсервер

Динамо Загреб славеше со 2:0 на гостувањето кај Сандерленд во 4. коло од Лигата на Европа. Лука Стојковиќ постигна гол и асистираше за победата на хрватскиот шампион.

Динамо поведе во 22. минута, кога Лука Стојковиќ ја искористи одбиената топка и ја испрати во мрежата на домаќините.

Во 39. минута Дион Дрена Бело, по додавање од Стојковиќ, со глава го зголеми водството на 2:0.

Сандерленд во второто полувреме постигна гол преку Исидор, но погодокот беше поништен поради офсајд. Динамо потоа успеа да ја сочува предноста со дисциплинирана игра во одбраната.

Тимот од Загреб на „Стадионот на светлината“ го предводеше Јерко Леко како вршител на должноста тренер. По четири кола, Динамо и Сандерленд имаат по седум бода и се меѓу екипите од осмото до 13. место.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Спорт

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје