Прескокни на содржината
Зачувани

Томовски: Луксембург не треба да се потцени, мечевите се подготовка за СП

Томовски: Луксембург не треба да се потцени, мечевите се подготовка за СП (Riste)
Фото: Riste

Македонскиот голман Мартин Томовски вели дека селекцијата мора да остане максимално фокусирана за дуелот со Луксембург и да не го потцени противникот. Тој ги гледа претстојните натпревари и како подготовка за Светското првенство во јануари.

Томовски изјави дека националниот тим сака да се радува на првата победа во овој европски циклус, но и дека собирот треба максимално да се искористи поради краткото време до Светското првенство.

Според него, натпреварите со Луксембург и Грција ќе послужат и за воигрување на новиот играч, а атмосферата во селекцијата е одлична. Голманот додаде дека работи напорно и се надева дека моменталната форма ќе ја пренесе и во репрезентацијата.

Дуелот со Луксембург е закажан за в среда во СЦ „Борис Трајковски“ од 19:00 часот.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Спорт

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје