Прескокни на содржината
Зачувани

Во Специјализираната болница за респираторни заболувања Отешево се формира библиотека

Во Специјализираната болница за респираторни заболувања Отешево се формира библиотека
Фото: МКД.мк

Имено, идејата, уште минатата година, со радост беше прифатена од семејните пријатели на Светлана Христова – Јоциќ и сопругот Владо Јоциќ, Мила и Мите Ноневски од Ресен, коишто се ангажираа истата да ја реализираат.

Од оваа посветеност, произлезе иницијативата на Мила Гулеска-Ноневска да се формира библиотечно катче во Специјализираната болница за респираторни заболувања Отешево.

Директорот Благоја Китановски и неговиот тим со големо задоволство и ентузијазам ја прифатија оваа иницијатива, а семејството Ноневски дополнително обезбеди и раритетна донација – 125 години стара витрина од дабово дрво, увезена од Холандија.

Вчера и официјално беа предадени првите 200 наслови (поезија, проза, монографии, култни списанија и сл.). Најголемиот дел од насловите потекнуваат од библиотеката на Светлана и Владо Јоциќ, а десетици наслови се донација од библиотека на семејството Ноневски, од писателот Зоран Анчевски, како и од библиотеката на уметничкиот центар Арт поинт Гумно од селото Слоештица со кој раководат Сергеј и Ирена Андреевски, синот и снаата на Светлана Христова – Јоциќ.

Директорот Китановски информираше дека веќе имаат одредено лице коешто со голема посветеност ќе раководи со библиотечниот фонд, а во најскоро време ќе бидат поставени и дополнителни полици за сите наслови што ќе бидат донирани во иднина.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Култура

Најчитано

  1. МСУ – Скопје ја отвора меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко: Животните не се таму некаде“

  2. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  3. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  4. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  5. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца