Прескокни на содржината
Зачувани

Струга го совлада Вардар, Башкими триумфираше над Арсими

Струга го совлада Вардар, Башкими триумфираше над Арсими (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Струга Трим Љум го победи Вардар со 1-0 во дербито со кое заврши 12. коло во Првата македонска фудбалска лига. Во вториот натпревар од денешниот термин, Башкими славеше против Арсими со 2-1.

За актуелниот македонски шампион ова беше трет сезонски пораз, а втор од Струга, која го доби и августовскиот меѓусебен дуел со ист резултат.

Со овој исход Струга стигна до 26 бода и остана на еден помалку од Шкендија, со која ја очекува дуел во наредното коло. Вардар останува на 21 бод и во следната рунда го чека гостување кај Силекс во Кратово.

Во Куманово, Башкими го победи Арсими благодарение на головите на Ристовски и Рибеиро, што му го донесе третиот сезонски триумф.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Спорт

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје