Прескокни на содржината
Зачувани

Сиљановска-Давкова со Хоџа и Божиновска на COP31 во Анталија

Сиљановска-Давкова со Хоџа и Божиновска на COP31 во Анталија (Опсервер)
Фото: Опсервер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе ја предводи државната делегација на Република Северна Македонија на COP31 во Анталија, во која ќе учествуваат министрите Муамет Хоџа и Сања Божиновска.

Посетата ќе се реализира од 10 до 13 ноември 2026 година, а во составот на делегацијата е и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

На конференцијата светски лидери, владини претставници и меѓународни организации ќе разговараат за климатските предизвици, унапредувањето на глобалната климатска акција и зајакнувањето на меѓународната соработка во справувањето со климатските промени.

Фокусот е ставен на забрзување на намалувањето на емисиите на гасови со стаклена градина, климатското финансирање, справувањето со екстремните временски појави и претворањето на претходните климатски обврски во конкретни и мерливи активности.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање соопштија дека учеството на Хоџа е можност за афирмирање на државните приоритети во областа на животната средина и климатските политики, размена на искуства и унапредување на соработката со меѓународните партнери во насока на забрзување на зелениот пресврт и исполнување на климатските цели.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  4. Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно