Прескокни на содржината
Зачувани

Сиљановска-Давкова ѝ честиташе на Јотова: Со добра волја можеме да ги надминеме предизвиците

Сиљановска-Давкова ѝ честиташе на Јотова: Со добра волја можеме да ги надминеме предизвиците
Фото: МКД.мк

„Од името на македонските граѓани и од мое лично име, срдечно им честитам на претседателката Илијана Јотова и потпретседателот Кирил Валчев за изборната победа“, напиша Сиљановска-Давкова на социјалната мрежа Икс.

Таа оцени дека победата на Јотова ја одразува волјата на бугарскиот народ и изрази уверување дека Бугарија под нејзиното претседателство ќе има конструктивна улога во регионот и во Европа.

„Со нетрпение очекувам да работиме заедно во духот на меѓусебно почитување, отворен дијалог и вистинско партнерство. Со добра волја можеме да ги надминеме постојните предизвици, да ги зајакнеме македонско-бугарските односи и да ги унапредиме мирот, стабилноста и просперитетот“, порача македонската претседателка.

Јотова победи во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, одржан вчера, и ќе стане првата жена избрана на претседателската функција на непосредни избори во земјата.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  4. Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно