Прескокни на содржината
Зачувани

Седум држави се пријавија за организација на Олимписките игри во 2036 година

Седум држави се пријавија за организација на Олимписките игри во 2036 година (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Меѓународниот олимписки комитет го потврди списокот на седум држави кои изразиле интерес за домаќинство на Летните олимписки игри во 2036 година.

Во трката за организацијата се наоѓаат Германија, Унгарија, Индија, Катар, Јужна Африка, Турција и Јужна Кореја. Дел од земјите поднесоа по два предлога за градови домаќини: Германија ги кандидираше Минхен и Берлин, додека Јужна Кореја ги предложи Сеул и провинцијата Северна Џола.

Останатите држави засега имаат по еден фаворит: Будимпешта од Унгарија, Ахмедабад од Индија, Доха од Катар, Дурбан од Јужна Африка и Истанбул од Турција.

Процесот за избор на организатор допрва ќе влезе во следната фаза. Во текот на ноември потенцијалните кандидати ќе имаат виртуелни презентации пред Комисијата на МОК за идни домаќини.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Спорт

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. ФФМ потврди: Гоце Седлоски повеќе не е селектор на Македонија

  3. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  4. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  5. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца