Прескокни на содржината
Зачувани

Ева Митевска со историски успех на Младинските олимписки игри во Дакар

Ева Митевска со историски успех на Младинските олимписки игри во Дакар (Riste)
Фото: Riste

Македонската атлетичарка Ева Митевска оствари историски успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, пласирајќи се во финалето на трката на 100 метри.

Во полуфиналната трка, Митевска го освои четвртото место со резултат од 12.58 секунди, обезбедувајќи пласман меѓу деветте најдобри финалистки во конкуренција на атлетичарки под 18 години.

Во големото финале, нашата репрезентативка истрча 12.28 секунди и го освои осмото место. Иако резултатот беше постигнат со ветер од +2.4 m/s, над дозволената граница за официјално признавање, настапот претставува исклучително вредно остварување на најголемата светска сцена за млади спортисти.

Атлетската федерација на Македонија изрази голема гордост од постигнатиот успех и упати искрени честитки до Ева Митевска и нејзиниот тренер за достојното претставување на Македонија.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Спорт

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. ФФМ потврди: Гоце Седлоски повеќе не е селектор на Македонија

  3. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  4. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  5. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца