Прескокни на содржината
Зачувани

Сашко Кедев во Гинисовата книга како најстар алпинист со 14 осумилјадници

Сашко Кедев во Гинисовата книга како најстар алпинист со 14 осумилјадници (Проверено)
Фото: Проверено

Македонскиот кардиолог и алпинист Сашко Кедев влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар алпинист кој ги искачил сите 14 планински врвови повисоки од 8.000 метри.

Подвигот го заокружи со искачувањето на Гашербрум I на 20 јули 2025 година, кога имал 63 години и 14 дена. Роден е на 6 јули 1962 година.

Кедев е и најстарата личност која ги искачила сите 14 осумилјадници и „Седумте врвови“, односно највисоките планински точки на сите седум континенти. „Седумте врвови“ ги освои во периодот од 14 јануари 2008 година, кога се искачи на Аконкагва во Јужна Америка, до 6 ноември 2011 година, кога го освои Пункак Џаја, познат и како Пирамида Карстенц, во Океанија.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во ноември 2025 година го одликуваше со Орден „8 Септември“ за заслуги во медицината и историскиот подвиг во алпинизмот. Кедев беше признат како прв Македонец кој ги искачил сите 14 светски врвови над 8.000 метри.

„Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот“, порача Кедев.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  4. Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно