Прескокни на содржината
Зачувани

Првата аукција за акциите на Алта банка Битола ќе се одржи на 30 ноември

Првата аукција за продажба на 372.742 акции во Алта банка Битола е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција.

Првата аукција за акциите на Алта банка Битола ќе се одржи на 30 ноември (Опсервер)
Фото: Опсервер

Првата аукција за продажба на 372.742 акции во Алта банка Битола е закажана за 30 ноември 2026 година. Пакетот претставува 95,336% од вкупниот број акции и е во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај.

Продажбата ќе се спроведе преку Македонската берза на хартии од вредност по моделот „сè или ништо“, односно заинтересираните купувачи ќе можат да го купат само целиот пакет.

Почетната цена е 3.777 денари по акција. Ако акциите не се продадат на првата аукција, следните ќе се одржат на 1, 2, 3, 4 и 7 декември 2026 година, а почетната цена ќе се намалува за 10% во однос на цената на претходната аукција.

Заинтересираните инвеститори треба најдоцна до 19 ноември 2026 година да достават барање до Народната банка за претходна согласност за стекнување квалификувано учество во банката, како и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата за купување на акциите. На аукциите ќе можат да учествуваат лицата што ги исполнуваат законските услови.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Економија

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје