Прескокни на содржината
Зачувани

Димитровски и Хун Манет за продлабочување на економската соработка

Димитровски и Хун Манет за продлабочување на економската соработка (Опсервер)
Фото: Опсервер

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски во Пном Пен се сретна со камбоџанскиот премиер Хун Манет, при што беше истакната потребата од продлабочување на билатералната соработка, особено во економијата и трговијата.

Средбата се одржа во рамките на учеството на Димитровски, како шеф на македонската делегација, на Министерската конференција на Франкофонијата во Пном Пен. Тој му пренесе честитки на Хун Манет од премиерот Христијан Мицкоски по повод Денот на независноста на Камбоџа, одбележан на 9 ноември, и изрази благодарност за гостопримството и приемот.

Димитровски посочи дека оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, што претставува можност за нов импулс во нивното натамошно унапредување. Тој ја нагласи важноста од интензивирање на соработката во областите од заемен интерес, со посебен акцент на економските и трговските односи, и упати покана до Хун Манет да ја посети Македонија.

Заменик-министерот упати честитки за организацијата на Министерската конференција и 20. Самит на Франкофонијата во Пном Пен. Според него, членството во Меѓународната организација на Франкофонијата и соработката во рамките на Обединетите нации и други мултилатерални форуми се основа за продлабочување на односите и меѓусебната поддршка на меѓународен план.

Хун Манет се согласи дека постои потенцијал за натамошно унапредување на билатералната соработка и ја истакна потребата од организирање политички консултации меѓу двете земји, преку кои би се утврдиле конкретни области и можности за нејзино продлабочување. Тој ја истакна и гордоста на Камбоџа што е домаќин на 20. Самит на Франкофонијата, на кој учествуваат претставници од повеќе од 90 земји.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Економија

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје