Прескокни на содржината
Зачувани

Ново детско катче и моторички парк кај жичарницата на Водно

Ново детско катче и моторички парк кај жичарницата на Водно (Опсервер)
Фото: Опсервер

Кај влезот кон жичарата на Водно се уредени просторот и урбаната опрема, изградено е ново детско катче и моторички парк, а обновени се клупите, кантите за отпадоци и летниковците.

Град Скопје информира дека претходно бил асфалтиран патот кон Средно Водно, каде што за првпат било поставено и ЛЕД-осветлување. Со моторичкиот парк, децата ќе можат преку игра на отворено да вежбаат рамнотежа и координација.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека заштитата на Водно и обновата на местата каде што скопјани се собираат и одмораат се меѓу неговите најважни приоритети. „За илјадници скопјани, Водно е дел од животот. Тука доаѓаме на прошетка по работниот ден, а за викенд тргнуваме по патеките со семејството и со пријателите“, рече Ѓорѓиевски.

Тој изрази благодарност до општествено одговорната компанија „Филип Морис“ за поддршката во уредувањето на просторот.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  4. Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно