Прескокни на содржината
Зачувани

Николоски најави електронска наплата на патарините по километар

Николоски најави електронска наплата на патарините по километар (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Министерот за транспорт Александар Николоски најави законски измени за електронска наплата на патарините без физичко запирање, при што таксата би се пресметувала според изминатите километри.

Николоски очекува законското решение да биде готово, односно презентирано, во декември. На 21-та годишна конференција на МАСИТ тој посочи дека измените се во напредна фаза, а во подготовката на законот ќе бидат вклучени странски експерти и експерти од Европската транспортна заедница.

Според него, новиот систем би ги намалил гужвите на патарините и би бил поправеден за возачите, бидејќи ќе се плаќа за реално поминатото растојание наместо фиксна цена на наплатните рампи. Како пример наведе дека возачите кои тргнуваат од Демир Капија кон Гевгелија и оние од Скопје кон Гевгелија на наплатната станица кај Смоквица плаќаат по 100 денари.

Електронската наплата првично би се вовела на новиот автопат Кичево – Охрид, а потоа и на останатите автопати.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  3. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  4. Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно