Прескокни на содржината
Зачувани

Нацрт-кривичниот законик и Законот за кривична постапка објавени на ЕНЕР

Нацрт-кривичниот законик и Законот за кривична постапка објавени на ЕНЕР (Нетпрес)
Фото: Нетпрес

Министерството за правда ги објави на ЕНЕР нацрт-Кривичниот законик и нацрт-законот за кривичната постапка, со што е отворена можноста јавноста да учествува во нивното финализирање.

Заинтересираните страни и граѓаните можат да ги разгледаат нацрт-текстовите и да испратат забелешки, коментари, предлози и сугестии. Министерството најави дека во наредниот период ќе организира стручни јавни расправи за клучните прашања и решенијата во двата документа.

Нацрт-законите се доставени и до Европската комисија за мислење, за дополнителна експертска оценка на предложените решенија и нивната усогласеност со европското законодавство и стандарди.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  4. Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно