Прескокни на содржината
Зачувани

Комунална хигиена-Скопје: Во октомври се подигнати 14.000 тони отпад

Комунална хигиена-Скопје: Во октомври се подигнати 14.000 тони отпад (Опсервер)
Фото: Опсервер

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на октомври подигнале и транспортирале 14.000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти во Скопје. Во истиот период биле отстранети и 950 кубни метри кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини.

Според соопштението на претпријатието, најголемо количество отпад од диви депонии, 200 кубни метри, е подигнато во општината Чаир.

Еко-патролата во октомври издала 83 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. Од нив, 47 биле на територијата на Чаир.

Од ЈП Комунална хигиена-Скопје наведуваат и дека секојдневно ја одржуваат јавната хигиена на булеварите и улиците, плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, како и на пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“ и во Старата скопска чаршија.

Вработени во администрацијата на претпријатието учествувале и во масовната еколошка акција „Не оставај ѓубре, остави пример“, организирана од Градот Скопје.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  3. Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно