Прескокни на содржината
Зачувани

Истражување открива врска меѓу одењето и невролошките заболувања

Истражување открива врска меѓу одењето и невролошките заболувања
Фото: Нетпрес

Во неодамнешна студија, научниците анализирале податоци од апликацијата за следење на телесните активности Fitbit за 22.000 луѓе над 40 години за да видат дали постои врска меѓу пешачењето и невролошките заболувања.

По петгодишно следење, резултатите покажаа дека луѓето кои правеле помалку од 5.000 чекори дневно имале 80 отсто поголем ризик од деменција, Паркинсонова болест и мозочен удар од оние кои оделе 12.000 чекори.

Оние кои оделе најмалку имале и поголем ризик од дебелина, дијабетес, висок крвен притисок и депресија.

„Заклучокот е дека колку се движите влијае на здравјето на вашето тело и на вашиот мозок“, вели водечкиот автор на студијата, д-р Попатбаи Качадија, невролог на Универзитетот Флорида Атлантик.

Но, експертите забележуваат дека сериозно намалената физичка активност може да биде причина за проверка, а не причина за грижа дека некој има мозочно заболување.

„Секој треба да стекне навика за редовна физичка активност и да постави реални и одржливи цели за подобрување на своето здравје“, рече коавторот д-р Марк Свердлоф.

„На пример, луѓето кои оделе околу 8.000 чекори дневно имале значително пониски стапки на невролошки заболувања од помалку активната група. Ова е реалистична цел и е во согласност со препораката од околу 150 минути умерена физичка активност неделно“, додаде тој.

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Магазин

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје