Прескокни на содржината
Зачувани

ИОК ја укина суспензијата за руските спортисти

ИОК ја укина суспензијата за руските спортисти

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) привремено ја укина суспензијата на Рускиот олимписки комитет (РОК), што претставува значаен чекор кон повторното вклучување на Русија во олимпизмот пред Летните олимписки игри во Лос Анџелес 2028 година, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Според најновото соопштение од ИОК, Извршниот одбор (ИО) ја донел одлуката за укинување на суспензијата, што ќе овозможи руским спортистима повторно да учествуваат на многу меѓународни натпревари, вклучувајќи ги и квалификациите за Олимпијадата во Лос Анџелес. Сепак, се уште не е донесена одлука за тоа дали Русија ќе може да го прикаже своето знаме или да ја свири својата химна за време на игрите.

Оваа одлука е дел од напорите на ИОК да ги олесни условите за враќањето на Русија во меѓународниот спорт, особено откако во декември побараа од федерациите да ги прифати руските и белоруските млади спортисти (под 23 години).

Министерот за спорт на Русија, Михаил Дегтјарев, изрази уверување дека оваа одлука на ИОК ќе им помогне на рускиот контингент спортисти да се вратат целосно на меѓународната спортска сцена.

Рускиите спортисти веќе се натпреваруваа како неутрални на Летните олимписки игри 2024 и на Зимските игри 2026.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Спорт

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. ФФМ потврди: Гоце Седлоски повеќе не е селектор на Македонија

  3. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  4. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  5. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца