Прескокни на содржината
Зачувани

АХВ спроведува симулациска вежба за болеста шап и лигавка од 10 до 12 ноември

Агенцијата за храна и ветеринарство од 10 до 12 ноември спроведува симулациска вежба за болеста шап и лигавка во соработка со бугарските и европските партнери, нагласувајќи дека не станува збор за вистинска појава на болеста.

АХВ спроведува симулациска вежба за болеста шап и лигавка од 10 до 12 ноември (Опсервер)
Фото: Опсервер

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Бугарската агенција за безбедност на храната и Европската комисија за контрола на шап и лигавка, од 10 до 12 ноември 2026 година спроведува заедничка симулациска вежба за болеста шап и лигавка.

Целта на тридневната вежба е проверка и унапредување на подготвеноста на надлежните ветеринарни служби за навремено откривање, пријавување и ефикасно справување со евентуална појава на оваа заразна болест кај животните, како и зајакнување на прекуграничната соработка и координацијата.

На 10 ноември, во Скопје и Софија, преку видеоконференциска врска и кабинетски вежби, учесниците работат на симулирани сценарија за појава на болеста, со акцент на постапувањето на надлежните институции и размената на информации. На 11 ноември, во регионот на Струмица, ќе се одржи практичниот теренски дел, каде што ќе се спроведат активности за употреба на лична заштитна опрема, клинички преглед на животните, земање примероци за лабораториско испитување и епидемиолошко истражување.

На 12 ноември ќе се одржи завршна сесија на која ќе бидат презентирани прелиминарните резултати и ќе се оценат подготвеноста и оперативните капацитети на ветеринарните служби. Од АХВ нагласуваат дека активностите се исклучиво во рамки на симулациска вежба, дека не станува збор за вистинска појава на болеста и дека нема причина за загриженост кај граѓаните и сточарите.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Политика

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  4. Калиумова сол би можела да спречи 2,96 милиони смртни случаи годишно