Прескокни на содржината
Зачувани

Неуспех на македонските фудбалерки на почетокот на квалификациите за мундијалот

Неуспех на македонските фудбалерки на почетокот на квалификациите за мундијалот

Македонската женска фудбалска репрезентација денеска доживеа пораз од Азербејџан со резултат 2-0 во Баку, што е непријатен старт на квалификациите за Светското првенство, кое планирано е да се одржи во Бразил од 24 јуни до 25 јули следната година.

Водечкиот гол за домашната екипа го постигна Јафарзаде во 28. минута, а со својот втор погодок во 78. минута, ја обезбеди победата за Азербејџан.

Во вториот дел, Максути и Николовска имаа добри прилики за гол, но не успеаја да реализираат.

Избраничките на селекторот Александар Андов следниот обид за освојување бодови ќе го имаат на домашен терен против Андора, на 7. март во Битола, на стадионот „Петар Милошевски“.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Спорт

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје