Прескокни на содржината
Зачувани

БМВ ја претстави новата серија 3, за првпат со целосно електрична верзија

БМВ ја претстави новата серија 3, за првпат со целосно електрична верзија
Фото: МКД.мк

Покрај двата електрични модели достапни од лансирањето, понудата е дополнета со верзии со високоефикасни бензински мотори и 48 волтна мајлд хибридна технологија. Најспортскиот член на гамата, БМВ М350 ексдрајв, го комбинира карактерот на М перформанс со легендарниот шестцилиндричен реден мотор. Плагин хибридна верзија ќе пристигне во текот на следната година.

Новиот модел има модерен дизајн со издолжено меѓуоскино растојание, кратки надвиснувања и истакнати браници. Предниот дел носи свежа интерпретација на бубрезите на БМВ и двојните фарови комбинирани во уникатен светлосен потпис, додека моделите М перформанс се украсени со препознатливите жолти светла. Тркалата се достапни во опсег од 18 до 21 инчи, во зависност од погонската варијанта.

Кабината носи ново ниво на дигитално искуство преку системот БМВ панорамик ајдрајв, кој ги комбинира БМВ панорамик вижн, опционалниот 3Д хедап дисплеј, централен екран од 17,9 инчи и нов мултифункционален волан.

Системот БМВ оперејтинг систем Икс, базиран на проектот Андроид опен сорс, овозможува континуирано надградување на функциите, а интеграцијата на технологијата Амазон Алекса носи понапредна гласовна интеракција.

Новиот БМВ и3 ја користи шестата генерација на технологијата БМВ едрајв со архитектура од 800 волти и цилиндрични батериски ќелии. И3 50 иксдрајв развива 345 киловати/469 коњски сили, забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,7 секунди и нуди опсег до 912 км (ВЛТП) со ДЦ полнење со моќност до 400 киловати. Основната верзија на и3 40 иксдрајв има 275 киловати/374 коњски сили досег до 710 км. Врвот на понудата, моделот и3 M60 иксдрајв, ќе пристигне во 2027 година.

Овој модел е напојуван од 3,0-литарски шестцилиндричен бензински мотор со 48волтен мајлд хибриден систем, кој развива 326 киловати/443 коњски сили. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч се постигнува за 4,1 секунда, со максимална брзина од 250 км/ч. Новитет е функцијата дрифт момент, која овозможува моќноста да се испраќа исклучиво на задните тркала за максимално задоволство при возењето.

Сите модели доаѓаат со богат спектар на системи за помош на ниво САЕ 2, вклучувајќи го и Моторвеј асистан за автономно возење без раце до 130 км/ч во 21 земја.

Новиот БМВ и3 се произведува во фабриката на БМВ групата во Минхен, додека верзиите со класични мотори се градат во фабриката во Динголфинг. Клучните компоненти на погонот доаѓаат од австриската фабрика Штајр, а батериите од новата фабрика Ирлбах-Штраскирхен во Баварија.

Поврзано

Коментари (0)

Сè уште нема коментари. Напишете го првиот.

Остави коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена. Полињата означени со * се задолжителни.

Повеќе од Технологија

Најчитано

  1. Голем штрајк во Грција, откажани летови и траекти и измени во превозот

  2. Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

  3. Африм Гаши во официјална возвратна посета на Хрватска

  4. Шестмина загинаа во пад на авион кај Мисисипи, меѓу нив и две деца

  5. Над 200 гости на првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје